-->
-->
Приведен 29-годишник од Неготино, поднесени кривични пријави и одредена мерка притвор
-->

На 03.10.2025 во 09:45 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Д.(29) од Неготино, поради основи на сомневање за сторени четири кривични дела „одземање на моторно возило“ по член 242 од КЗ, две кривични дела „кражба во обид“ по член 235 став 5 во врска со став 1 од КЗ и едно кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од КЗ, сите на територија на Неготино.
Против С.Д. се поднесени кривични пријави, а судија на претходна постапка во Основен суд Неготино му изрече мерка притвор во траење од осум дена, по што С.Д. е спроведен во Казнено поправната установа Затвор Гевгелија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
-

Владата: Акцијата против осомничениот за поткуп е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата
-

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево
-

Од денеска престануваат олеснувањата за EES на границите на ЕУ, можни подолги редици
-

30 дена притвор за владин возач кој барал 1.500 евра за вработување пожарникар
-

Автобус со студенти падна во провалија на Зеленортските Острови, најмалку 21 загинат
-

УС опен: Американецот Фриц водеше со 2-0 во сетови и го загуби мечот
