Македонија
28. March 2026 - 14:09

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин

На 27.03.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.З.(30) од Велес поради сомнение дека со употреба на сила влегол во домот на Р.Т.(55) од Велес и одземал телевизор.

Одземеното било пронајдено кај Б.З. и било вратено на сопственикот. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.