Приведен 38-годишник и поднесена кривична пријава по брза постапка за убиството кај Смилковско езеро

На 26.11.2026 по преземени оперативно тактички мерки, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, лишен од слобода е Б.Ј.(38) од Скопје поради сторено кривично дело „убиство“.
Имено, лицето е лишено од слобода, во врска со кривично правниот настан од 21.11.2026, кога по претходна пријава во СВР Скопје, на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено беше лице без знаци на живот, а полициски службеници од СВР Скопје утврдија дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско, при што беше забележана прострелна повреда во пределот на ногата.
Во близина на телото беше пронајдено и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал.
Со Б.Ј. извршен е службен разговор, при што лицето го појасни начинот на извршување на кривичното дело.
Денеска (27.11.2026) по целосно документирање на кривично правниот настан, во координација со ОЈО Скопје, Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Б.Ј. за сторено кривично дело ,,убиство" по член 123 од Кривичниот законик, соопштува МВР.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, викендов снег на планините
-

Кушнер: Израел мора да се ослободи од воениот менталитет
-

Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда
-

Осум лица завршија во болница откако 55-годишник предизвикал пожар во стан во Охрид
-

Случаен минувач го пронашол застреланиот маж кај Смилковско Езеро, приведено осомничено лице
-

Маѓар: Унгарија нема да прифати буџет на ЕУ, за кој би требало поголеми придонеси
-

Мицкоски: Буџетот ќе ни биде предизвик наредните две години, но сигурен сум дека ќе го надминеме
-

Николоски: Со „Дојче Телеком“ разговаравме за нови инвестиции и дата-центар во Македонија
