-->
-->
Приведен 43-годишен битолчанец, возел со 151 километар на час на место каде е дозволено 80
-->

На 25.11.2025 во 11:45 часот, на експресниот пат Градско- Прилеп, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода З.Б.(43) од Битола.
При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 151 километар на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час.
Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија и дополнителна поддршка за Украина
-

Ормуската Теснина ќе биде отворена по потпишувањето на договорот меѓу САД и Иран
-

СП 2026: Шведска убедлива против Тунис
-

Јавна расправа за Предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри
-

МНР на Србија: Соопштението од Црна Гора ја потврдува тезата за хибридна војна против Србија
-

Германија, Британија, Франција и Италија подготвени за мисија за обезбедување на пловидбата низ Ормуската Теснина
-

Пад на цените на нафтата по објавувањето на мировниот договор меѓу САД и Иран
-

Иран потврди итен и траен прекин на воените дејствија со САД
