Македонија
8. September 2025 - 14:09

Приведен 46-годишник, со огнено оружје се заканувал на пријавителот

На 07.09.2025 во 23:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Р.Т.(46) од с.Долни Полог, кочанско, по претходна пријава од Ј.К.(76) од с.Долни Полог, дека околу 19:00 часот во истото село, Р.Т. со огнено оружје му се заканувал на пријавителот.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.