-->
-->
Приведен 51-годишник од демиркаписко, под дејство на алкохол се заканувал на неговата мајка
-->

Син со 2,33 промили алкохол во крвта се заканувал на мајка си во демиркаписко.
Од Секторот за внатрешни работи - Велес информираа дека денеска бил лишен од слобода бил 51-годишник од село во демиракаписко, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом и се заканувал на неговата 75-годишна мајка.
Полициски службеници од ОВР - Неготино, утрово во три часот го лишиле лицето од слобода. При преземање мерки, кај него биле измерени 2,33 промили алкохол во крвта.
- Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, потенцираа од СВР - Велес.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
