Приведен гевгеличанец, со возило удрил во мотоцикл при што тешко повредил двајца малолетници
Денеска (14.09.2025) во 00:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Марино, општина Илинден, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(36) од Гевгелија и мопед управуван од 16-годишник од с.Идризово, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека, со телесни повреди се здобиле С.Ј. и неговиот сопатник Х.М.(25) од Вевчани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Евробаскет 2025: Германија прв финалист
-
ЦУК: Под контрола пожарот во депонијата Дрисла, активни пожари во Кочани и Тетово
-
Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин
-
Уапсен Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк
-
Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан Закон за контрола на емисиите
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите
-
Русија: Мировните преговори со Украина се паузирани