Приведен градоначалникот на Истанбул во антикорупциска акција

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, утринава е приведен, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Претходно денеска, медиумите објавија дека е издадена наредба за негово приведување. Имамоглу, кој е од редовите на опозициската Народнорепубликанска партија (НРП), е мета на полициска истрага поврзана со сомневања за корупција и поврзаност со терористички организации.
Полициски екипи го претресуваат неговиот дом, а пред резиденцијата има засилено полициско присуство, покажуваат снимките на Си-Ен-Ен Турк.
Утринава беше уапсен и неговиот портпарол Мурат Онгун, јавува опозицискиот весник „Џумхуриет“. Се тврди дека е изготвен список со над 100 бизнисмени и новинари за кои е издадена наредба за апсење.
Неколку метро станици во Истанбул се затворени, а одобрените одмори на полицајци се укинати.
На локалните избори на 31 март минатата година, НРП оствари значајна победа, освојувајќи мнозинство во неколку големи градови, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, со што владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) го загуби доминантното влијание на локално ниво.
Ново на Сител
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
-

СДСМ утре ќе го бира новото раководство
-

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-

Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага на „Визер“
-

Седница на собраниската Комисија за европски прашања
-

Нетанјаху обвинува по масакрот во Сиднеј: Австралија го поттикнува антисемитизмот со признавање на палестинската држава
-

МФ организира настан на тема „Зајакнување на институционалните капцитети: Одбележување на соработката меѓу САД и Северна Македонија“
-

Последна овогодишна сесија на Европарламентот
