-->
-->
Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
-->

Кавадарчанец бил приведен од полиција, бидејќи бил агресивен кон полициски службеници, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Вчера во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа кавадарчанецот Т.С.(43), затоа што на улица „Миле В’чков“ во градот, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При преземање мерки, кај него се измерени 3,13 промили алкохол во крвта. Т.С е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР Велес.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
