-->
-->
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл
-->
На 03.07.2025 во 22.25 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Р.(40) од с.Трубарево, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“ по член 242 од КЗ, а по претходна пријава од А.Ј.(36) од Скопје дека на паркинг простор на подрачјето на Центар му било одземено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Имено, Р.Р. влегол во незаклученото возило и со клучот кој бил на бравата го стартувал и заминал.
По преземени мерки од страна на полициски службеници, сторителот е лишен од слобода, а возилото е пронајдено и ќе му биде вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица