Приведен насилникот кој ја претепал сопругата во Гостиварско

М.М. педесет и двегодишен жител на гостиварското село Топлица е лишен од слобода откако бил пријавен за физички напад врз сопругата. Од СВР Тетово информираа дека М.М. вчера околу 14 часот полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода лицето кое било со нарушено ментално здравје.
-Претходно, неговиот татко пријавил дека околу 12:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 42-годишна сопруга, при што употребил остар предмет и и нанел повреди. Откако и била укажана помош во болницата во Гостивар, поради сериозноста на повредите, жената во бессознание била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на лекување -вели портпаролот на СВР Тетово Фатмир Реџепи.
Тој појаснува дека при лишувањето, осомничениот давал отпор и физички нападнал полициски службеници и повредил еден од нив. За настанот е известен јавен обвинител, а М.М. бил спроведен во Психијатриска болница-Скопје. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Се очекува М.М. околу пладне да биде изведен пред судија на претходна постапка во Основен суд Гостивар.
Јавното обвинителство денеска соопшти дека се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази за случајот, согласно воспоставената процедура за итна кординација и постапување по пријави за семејно насилство.
-Вклучени се и полициски службеници и Центарот за социјални работи-посочуваат од ЈОРСМ.
Правната квалификација на делото, како што нагласуваат од обвинителството, ќе биде одредена согласно доказите.
МИА
Ново на Сител
-

Од вторник построги услови за купување втор стан
-

Заврши состанокот на процесот Брдо-Бриони: Проширувањето да биде императив
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ
-

Расчистено убиството кај Смилковско - осомничениот открил како го извршил делото
-

Главната расправа за случајот со претепаната Сара одложена
-

Со боди камери и видеоповици ќе се документира семејното насилство
-

Западен Балкан бара побрза евроинтеграција
-

„Блек фрајдеј“ под лупа, инспекторите ќе проверуваат дали попустите се реални или маркетиншки трик
