-->
-->
Приведен скопјанец кој поседувал марихуана, при обид на бегство со возило удрил полициски службеник
-->

На 18.11.2026 во 00:10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко возило, управувано од Т.А.(23) од скопско, а при преглед во возилото била пронајдена марихуана.
Потоа, според пријавеното Т.А. го стартувал возилото и удрил полициски службеник по што се дал во бегство по стариот пат од нас.Хиподром кон нас.Илинден.
Притоа, кај место викано „Пуста кула“ удрил во паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое од ударот се поместило и удрило во ограда, по што бил лишен од слобода од полициски службеници.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштува МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања
-

Осум месеци затвор за Игор Дашковски за палењето на автомобилите на бугарската амбасада
-

Итната помош од Прилеп доби 3 нови возила, но недостасуваат уште 4 доктори, 8 медицински сестри и 6 шофери
-

Преглед на вестите од светот
-

Градоначалникот на Скопје даде отчет за сработеното за првата година од мандатот
-

Протест на Форум на жени на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Спасов, универзитетски професор
-

Се прават напори родителите на предвремено родените бебиња да добиваат еднократна парична помош од државата
