Македонија
21. September 2025 - 13:02

Приведен возач на патот Гостивар-Кичево, престигнувал колона возила во непрегледна кривина

На 20.09.2025 во 17:30 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, на магистралниот пат Гостивар- Кичево го лишиле од слобода Б.Р.(32) од с.Форино, кој со неговото патничко возило „бмв" со швајцарски национални ознаки, престигнувал колона од возила во непрегледна кривина.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297 -а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило".