Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО

Полициски службеници денеска лишиле од слобода возач-почетник, којшто возел со 211 километри на час, соопшти МВР.
- Денеска во 16:21 часот, на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово, полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишија од слобода возач-почетник, кој управувал патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 211 километри на час, што е повеќе од двојно над максимално дозволената брзина за возач-почетник на автопат, стои во соопштението на МВР.
Оттаму додаваат дека при сообраќајна контрола извршена со радар било констатирано дека И.А. (18), како возач-почетник, управувал со брзина далеку над законски дозволените 100 километри на час.

Поради стореното кривично дело, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
-

Ѓорѓиевски: Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен
-

Клековски: Бројот на прегледи во Гостивар се намалува, засега нема нови зарази
