-->
-->
Приведен возач поради сообраќајката на ул. „Ќемал Сејфула“ во Скопје
-->
На 30.06.2025 во 14.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.П.(29) од Р.Косово и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(32) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и од слобода бил лишен возачот Е.П. и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нетанјаху го потврди патувањето во Вашингтон
-
Јаневска: Задоволна сум што и годинава се полнат средните стручни училишта
-
Дебар и неколку населени места утре шест часа без струја
-
Електронски свидетелства од наредната учебна година
-
Гостиварчанец возел мопед со 2,14 промили алкохол во крвта и паднал на коловозот
-
Бекер по петти пат ќе стане татко
-
Монтела останува турски селектор до 2028
-
Аспиликуета го напушти Атлетико Мадрид