Македонија
30. October 2023 - 16:34

Приведени 18г штипјани кои превртеа комбе со мигранти, па нападнаа полицаец

Комбе со мигранти се преврте и заврши  во канал во обид да и избега на полицијата. Вистинска драма се случувала ноќеска во Велес. Возачот бил пресретнат од полицијата, но наместо да застане, тргнал во спротивен правец. Бегајќи се превртеле во ископ на патот во близина на велешкиот суд.  Во инцидентот повредени се татко и 11 г дете. Криумчарите се 18 годишни момчиња од Штип, при нивното приведување нападнале и полицаец.

Сведоци на настанот беа голем број жители и малолетни деца. Дека криумчарите ја загрозиле безбедноста не само на мигрантите туку и на велешани, сведочи видеото од акцијата.

Велешанката Ленче Здравкин за Сител вели недозволиво е во 21 век да се случуваат вакви инциденти.  Како долгогодишна активистка која несебично им помага на бегалците, вели дека мигрантите се лесен плен за луѓето кои сакаат брза заработка, а притоа ги ставаат во ризик нивните животи.

Граничниот премин од април годинава се обезбедува заедно со Фронтекс, а според податоците на МВР има намалување за 50 отсто на бројот на илегално влегување во државата.