Македонија
12. November 2026 - 13:50

Приведени 8 возачи во изминатото деноноќие, 6 возачи управувале возило без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Р.(36) од с.Слатино, тетовско, З.С.(34) од Кичево, 40-годишната Д.Т. од с.Миравци, гевгелиско, Е.Б.(24) и двајца 17-годишници, сите од Скопје.

Додека, пак, со 14-годишник од Велес, во присуство на родител бил извршен службен разговор поради тоа што управувал мопед без возачка дозвола. В.К.(44)  од Скопје и Н.С.(26) од Охрид управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.