Приведени четири лица за семејно насилство во последното деноноќие

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие четири лица се лишени од слобода од вкупно пет пријави за семејно насилство.
Полициски службеници од СВР Штип утринава околу 01:20 часот го лишиле од слобода С.Е.(37) од Штип, постпаувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал сопругата.
Полициски службеници од ОВР Гостивар утринава во 01:35 часот го лишиле од слобода М.С.(51) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.
Синоќа во 01:40 часот во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 31-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и се обидел да ја нападне со остар предмет.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17:30 часот лишиле од слобода 33-годишна жена од Скопско, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 36-годишен сопруг, со кој се во бракоразводна постапка, дека во семејниот дом агресивно се однесувала кон него и му упатила закани. Подоцна, во 23:30 часот, 33-годишната жена пријавила дека во семејниот дом, по кратка расправија, била физички нападната од нејзиниот 36-годишен сопруг, кој употребил и тврд предмет.
Утринава во 03:00 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од Скопје пријавила дека на 20.06.2026 околу 20:00 часот во семејниот дом во Скопје, по претходна расправија, таа и нејзиниот поранешен сопруг, биле физички нападнати од нејзиниот 36-годишен партнер.
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и најавуваат дека по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
МИА
Ново на Сител
-

Џереми Кларксон за животот по пребродувањето на ракот: Сега пешачам повеќе и јадам вегетаријанска храна
-

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева
-

СП 2026: Франција убедлива против Ирак
-

Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка
-

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал
-

СП 2026: Алжир поуспешен од Јордан
-

Чешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата
