Приведени двајца криумчари на мигранти од Косово, поднесена им е кривична пријава и определен притвор од 30 дена

На 26.05.2026 во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово.
Претходно, полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Г. и возило „шкода октавија“ со косовски национални ознаки, управувано од Г.Г., при што во возилото „фолксваген“ биле пронајдени седум лица мигранти од Египет и било констатирано дека возилото „шкода“ било претходница.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против косовските државјани е поднесена кривична пријава по член 418-б од Кривичниот законик и им е определена мерка притвор во траење од 30 дена. Тие се спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката, додека мигрантите се сместени во во Центар за баратели на азил во Визбегово-Скопје.
Ново на Сител
-

Лабораториски произведен протеин од јајце стигна до големите маркети во САД
-

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
-

Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД на 11 септември
-

Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите
