Приведени двајца турски државјани поради криумчарење мигранти

Денеска (31.01.), полициски службеници ги лишија од слобода лицата С.А.О.(35) и К.Х.(32), двајцата државјани на Република Турција, поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.
Околу 02:30 часот, на автопатот Гевгелија–Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица сопреле патничко моторно возило „шкода октавија“ караван, со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од С.А.О., во кое како сопатник се наоѓал К.Х.
При извршен преглед на возилото, пронајдени се четири илегални мигранти од Египет, на возраст од 15 до 35 години.
По наредба на јавен обвинител, двете лица се задржани во Полициската станица Гевгелија, додека мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
-

АХВ го одзеде малтретираното куче, сопственикот ќе биде казнет
-

Најмалку 85 луѓе загинаа во САД како последица на снежната бура и ниските температури
-

Ердоган понуди Анкара да посредува помеѓу Иран и САД
-

Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со ПССЕ: Ова е историски ден, рамо до рамот со денот кога се прогласи независноста
-

МЖСПП најавува нула толеранција за загадувачите, новиот Закон за контрола на емисииа носи построги правила за индустријата
-

Поднесено обвинение против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани
-

Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО
