Приведени две лица од тетовско и гостиварско, управувале возила со многу поголема брзина од дозволеното
На 14.09.2025 во 18:20 на патот Тетово-Гостивар, пред наплатна станица Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Ј.С.(36) од с.Грчец, скопско. При сообраќајна контрола констатирано е дека управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички со брзина од 151 километри на час, надвор од населено место, на место каде со сообраќаен знак максимална брзина на движење е ограничена на 80 километри на час.
На 14.09.2025 во 16:45 часот на патот Тетово-Гостивар, во близина на Дебрешки надвозник, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода Х.Б.(63) од с.Камењане, тетовско. При сообраќајна контрола констатирано е дека управувал патничко моторно возило „џип“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 160 километри на час, надвор од населено место, на место каде максимално дозволената брзина со сообраќаен знак е ограничена со 80 километри на час.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Победа на Андријано Димишковски во осминафиналето денес
-
Русија планира изградба на 38 нови нуклеарни реактори
-
Трамп задоволен од средбата со Кинезите во Мадрид: Важниот состанок мина многу добро
-
Приведено лице од Битола за изнуда
-
Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината
-
Велосипедист застрелал 18-годишно момче во Чаир
-
Одложено денешното судско рочиште за предметот „Адитив“
-
МЗ: Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево, лице транспортирано на Клиниката за токсикологија