Македонија
23. October 2026 - 13:51

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит

На 22.10.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.Б. (45) и Р.Т. (52) од Куманово.

Според пријавеното, С.Б. измамила и повикала во својот дом 64-годишен маж наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон, а кога пристигнале во дворот Р.Т. физички го нападнал, а таа му одзела пари и телефон.

Како што е пријавено, после тоа го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит, но тој успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го прави тоа, по што повикала полиција.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштува МВР.