Македонија
19. October 2026 - 14:15

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.Р.(18), Б.Р.(26) и Б.К.(33), сите од Скопје и А.Ш.(24) од с.Мала Речица, тетовско.

Под дејство на алкохол возеле Е.Ј.(61) од Виница и В.П.(61) од Гевгелија.

Додека пак, В.Ж.(57) и 36-годишната Н.З., двајцата од Србија, управувале патнички возила со многу поголема брзина од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопшти МВР.