Македонија
2. May 2026 - 13:40

Приведени пет лица за семејно насилство

На 01.05.2026 во 21:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(35) од Куманово затоа што физички ги нападнал неговата 31 годишна сопруга и двете малолетни деца. 

На 01.05.2026 во 23:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(57) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 28-годишна ќерка. 

На 01.05.2026 во 20:40 часот, на булеварот ,,Македонски Просветители“, во Охрид лишен од слобода е И.К.(48) од Љубљана, Република Словенија по претходна пријава дека во стан во Охрид, по вербална расправија физички ја нападнал неговата сопруга. 

На 01.05.2026 во 16:00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 36-годишен жител од тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 65-годишна мајка. 

На 01.05.2026 во 08:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 23-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 24-годишна сестра. 

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.