Приведени припадници на белградската Интервентна полиција, осомничени се дека спречиле процесуирање по пукање во ресторан

Приведени се командантот на Интервентната единица 92 и неговиот помошник поради сомнение дека сториле кривично дело „Трговија со влијание во соизвршителство“, како и двајца на интервентен тим на таа единица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба“. Сите се осомничени дека не пријавиле кривично дело и со тоа спречиле процесуирање на Саша Вуковиќ за пукање во угостителски објект во Белград на 5 ноември лани.
Интервентната единица 92 е елитна единица на белградската полиција специјализирана за директна борба против најтешките форми на криминал. Единицата е формирана во 1992 година по углед на тимовите SWAT во САД. Тие се движат по улиците 24 часа на ден и се најмобилната и најоперативна полициска единица.
Поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „Создавање општа опасност“ и „Недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи“, во кривичната пријава е вклучен и Вуковиќ кој е во притвор во врска со предметот во кој се товари за тешко убиство.
Притворен е и управителот на ресторанот поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „Непријавување кривично дело и сторител“ и „Помагање на сторител по извршување кривично дело“.
Според Вишото јавно обвинителство распишана е потерница и за уште едно лице.
Саша Вуковиќ е во притвор од 14 мај 2026 година, бидејќи постои сомневање дека на 12 мај со истрели го убил Александар Нешовиќ, познат како Баја, а потоа заедно со помошници го сокриле неговото тело во буре и го закопале во близина на Јарковачко Езеро, општина Инѓија.
Сега веќе поранешниот началник на белградската полиција Веселин Милиќ беше приведен заедно со уште 10 лица за убиството на Александар Нешовиќ во ресторанот „27“ во белградската населба Сењак на 12 мај.
Првично се посомнева дека делото е извршено во присуство на Милиќ и дека тој заедно со уште тројца полицајци од неговото обезбедување учествувал во отстранување на трагите од делото. ВЈО соопшти во почетокот на месецов дека кривичната пријава против тие тројца полицајци е отфрлена поради недостиг на докази.
За Милиќ вчера беше отфрлено обвинението – помош на извршител при извршување кривично дело. Кога станува збор за кривичното дело „непријавување на кривичното дело и сторителот“, обвинителството продолжува да собира докази. Досегашната истрага покажа дека постои основано сомнение дека Милиќ знаел за настанот во ресторанот, но како службено лице, не го пријавил кривичното дело, наведува Обвинителството.
МИА
Ново на Сител
-

Шампионот Вардар казнет парично поради пиротехника од ФФМ
-

Уапсен разбојник од битолско, влегол во туѓ дом, го нападнал сопственикот и му одзел личен предмет
-

ЈП Лајка: Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца го пронајдоа во близина на детско игралиште во Кисела Вода, утврди Институтот за судска медицина
-

Приведени 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола
-

СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден во која загина едно лице
-

Приведен 43-годишник од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква
-

Кривична за 30-годишник од Скопје, ја следел неговата поранешна девојка до нејзиниот стан и упатувал закани кон неа
-

Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат, тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија
