Приведени тројца возачи во Куманово, управувале возило под дејство на алкохол

На 27.09.2025 во 02:15 часот на регионален пат во село Доброшане, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода К.И.(23) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, при што му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта.
На истиот пат, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода и М.М.(35) од Куманово. Тој бил запрен со патничко моторно возило „пежо" и му биле измерени 2.62 промили алкохол во крвта.
Исто така, на 27.09.2025 на улица „Ѓорче Петров" во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода и Г.К. (59). Тој бил запрен со патничко моторно возило „цитроен" и му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297 -а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-

ИПР бара трајно решение за кучињата скитници
-

Преглед на вестите од светот
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
