Приведени возачи, управувале возила под дејство на алкохол, а двајца од нив учествувале во сообраќајни незгоди

На 03.12.2025 во 21:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Ѓ.А.(35) од Кавадарци. Претходно, околу 20:45 часот на улица „Првомајска“ во Неготино, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во бандера, по што го напуштил местото. По преземени мерки, тој е пронајден и по извршено алкотестирање е констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,83 промили алкохол во крвта.
На 03.12.2025 во 17:50 часот на крстосница помеѓу ул.„Македонија“ и ул.„Бошко Петров“ во с. Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(28) од с.Злетово, пробиштипско. Претходно, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета, а по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.
На 03.12.2025 во 15:50 на ул.„Маршал Тито“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода В.К.(37) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
