Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
Полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово лишиле од слобода едно лице поради управување моторно возило со 1,57 промили алкохол во крвта.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, при контрола на патниот сообраќај во Куманово полициските службеници сопреле патничко моторно возило „опел“, кое го управувал Ф.А.(31) и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.57 промили алкохол во крвта.
– На 15.07.2025 во 04.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(31) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „опел“, кое го управувал Ф.А. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.57 промили алкохол во крвта, стои во соопштението.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава – Безобѕирно управување со моторно возило.
Ново на Сител
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал