Македонија
22. March 2026 - 13:53

Приведено едно лице при претрес во Куманово

На 21.03.2026 во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Г. (36) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени растителна и грутчеста материја, како и дигитална вага, соопшти МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.