Македонија
15. August 2025 - 13:49

Приведено лице од Турција, при влез во државава во неговиот автомобил пронајдени два ножа, боксирач и палка

На 14.08.2025 во 04:05 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го приведоа К.Ц.(48) од Турција, затоа што при гранична контрола и извршена проверка на патничко возило „нисан“ со австриски национални ознаки, кое го управувал К.Ц., се пронајдени и одземени два ножа, боксирач и палка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.