Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
Кај сите онколошки пациенти немало структуирано радиолошко следење, ниту објаснување зошто им се давало нова терапија. Вака сведочеше денеска вештакот од Србија за случајот Онкологија 1.
„Не можам да потврдам дека видов кај сите пациенти структуирано радиолошко следење, особено, немаше објаснување зошто се воведува нова терапија со оглед дека ги разгледував случаи со малигни заболување на белите дробови, било неопходно да се следат“, Давор Радославевиќ, вештак од Србија.
Дополни дека ниту одлуките за избор, промена или прекин на терапијата не биле јасни.
„Можам да кажам дека сите извештаи не беа јасни во тој поглед. Сигурен сум дека во ниту еден нема перфоманс статус , ниту опис на Клиничкиот наод“, дополни вештакот.
Според одбраната има недостиг од медицинска документација за да се направи вештачење. Адвокатот на првообвинетиот Нино Васев, вели дека проблемот со вештакот од Словенија, се пресликува и со вештакот од Белград.
„И него му фалат наоди, му фали опис на коморбидитетите и се она што го добива пациентот кога се среќава со докторот. Му фалат сега и КТ наоди, тоа се клучни докази без кои не може да се врши валидно вештачење, изјави адвокатот на Нино Васев, Боби Спирковски.
Од денеска обвинението за кои се товаре првиобвинетиот Нино Васев заедно со уште двајца доктори го презема, пред судиите го докажува новата обвинителка Марија Ѓеѓовска, бидејќи досегашката Ана Гоговска се сели во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.
Васев, заедно со онколозите Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски, обвинети се за тепки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување на пациенти. Онкологија 1 почна со постапка за уште еден онколог Мери Пешеска, која призна вина и доби условна казна затвор од две години.
Паралелно со овој судски процес, тече и Онкологија 2, во кој Васев е обвинет со екс економскиот директор на Клиниката за злоупотреба на службената положба и проневера на државниот буџет од 2,2 милијарди денари.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
