Македонија
12. December 2017 - 16:15

Продолжија оставките во ДИК од морални причини поради реакциите на енормните бонуси на плата

Јакупи, Прекопуца, Урумов, Бонева и Срцев се откажаа од членството во ДИК. Ден по оставките нна Чичаковски, Дума и Милев и тие ги доставиле своите оставки во собранието. Едиснтвен член на комисјата сега е Ермира Асани Салија која последна седна во комисјата како предлог на БЕСА и добила половина од останатите односно само две плати надоместок за локалните избори.

Собранието, ако се е согласно правната процедура ќе ги констатира оставките, а потоа започнува и процесот на избор на нови членови.

Овој потег сепак може да предзвика нов проблем и нова политичка криза доколку се појави потреба од делувањето на ДИК. Аналитичарот Арсовски сепак вели дека е важно што оставките се предадени.

Експертската јавност веднаш по објавување на скандалот со исплатата на надоместоци вредни илјадници евра ја изразија потребата од промени во составот на ДИК. Арсовски оценува дека и тој дел ќе мора да се најде на преговарачката маса помеѓу партиите.

Случајот за исплата на надоместоци за сите избори вклуително и за одложените во април минатат година, кои сами си го изгласале беше објавен пред една недела. `