Продолжува акцијата за рушење во Лагадин
Акцијата за рушење на дивоградбите долж охридското езеро која започна на потегот од Горица 3 до населбата Свети Стефан продолжува во Лагадин . Дел од сопствениците на шанкови , монтажни објекти и конструкции на плажите започнаа сами да ја отстрануваат урбаната опрема откако добиле решение за отстранување на објектите. Тие се пожалија дека уривањето во состојба на криза, непосредно пред сезоната, ќе има несогледливи последици за нив, но и за туризмот додавајќи дека плажите се уредени според планот под кој ги изнајмиле.
Граѓаните пак велат дека сликата долж езерото каде се уриваат плажите е непријатна за посетителите .да се прават рушевни
Од локалната се категорични дека нема селективност во акцијата и најавија дека уривањето на сите дивоградби за кои е констатирано дека го нарушуваат статусот на Охрид ќе продолжи и во наредните денови.И додека на охридскиот брег се руши во Струга закупците на плажите се подготвуваат за првите гости.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
