Продолжува гаснењето на пожарите на грчките острови Крит и Лезбос

Гаснењето на пожарите на грчките острови Крит и Лезбос, што траеше во текот на целата ноќ продолжува и утрово, а огнената стихија јужно од градот Ретимно на Крит и понатаму е вон контрола, јави дописничката на МИА од Атина.
Конкретниот пожар избувна вчера околу 14.30 часот и брзо се прошири, а животот го загубија двајца пожарникари.
Силниот ветер, освен што брзо го прошири пожарот, утрово дополнително го отежнува гаснењето со оглед на тоа што ги спречува авионите да интервенираат од воздух.
Противпожарните сили беа дополнително засилени и мобилизирани се 224 пожарникари со 11 пешадиски тима, 53 возила, волонтери и цистерни од општините, а на располагање се и два хеликоптери.
Од моментот кога избувна пожарот, заклучно со вчера кусо пред полноќ, од бројот 112 за итни случаи беа испратени девет пораки за евакуација на жителите и на оние кои се наоѓаат во околу десет населени места во непосредна близина на пожарот.
Во состојба на готовност во поширокиот регион се и седум возила на брзата помош, како и пловни средства на крајбрежната служба за евентуални евакуации по морски пат.
Вчера попладне од крајбрежното туристичко место Агиос Павлос беа евакуирани вкупно 29 лица со чамци на крајбрежната служба, спасувачки брод и приватни чамци.
Како што вчера објави МИА, двајца пожарникари, на возраст од 25 и 58 години, кои учествуваа во гаснењето на конкретниот пожар загинаа откако со нивното возило се заглавиле меѓу огнените јазици.
Паралелно со пожарот јужно од Ретимно, на Крит активни се пожари и во југоисточниот дел на островот и на островот Лезбос, меѓутоа утрово се чини дека ситуацијата е подобрена, а гаснењето продолжува.
МИА
Ново на Сител
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
-

Од утре повторно температури над просекот и повремен дожд
-

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал американска воена база во Бахреин
-

Утрово најстудено во Лазарополе, најтопло во Охрид и Претор
-

„СпејсИкс“ за првпат успешно го прифати горниот сегмент на ракетниот систем „Старшип“
-

Макрон повика на единство и консензус на Самитот на Франкофонијата во Пном Пен
