Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана

Обвинителството континуирано презема дејствија во врска со опсежната акција во која досега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата. Активностите се спроведуваат во координација со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.
Постапувањето се одвива во континуирана координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и со други јавни обвинителства со месна и стварна надлежност, кои постапуваат по предмети за кривични дела утврдени во Законот за контрола на опојни дроги.
- Во насока на целосно утврдување на фактите и околностите, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е во комуникација со Обвинителството за организиран криминал на Република Србија, со цел размена на информации од значење за постапката што ќе помогнат да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната. Воедно, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК презема и други дејствија согласно своите законски надлежности, вклучително и сослушување лица во својство на сведоци, со цел прибирање докази и факти релевантни за постапката, се наведува во соопштението.
Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција велат дека заедно со надлежните институции, продолжуваат со преземање на дејствија за целосно расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде навремено информирана.
Министерството за внатрешни работи на 7-ми овој месец информира за запленета голема количина на марихуана. Кај правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана и биомаса.
МИА
Ново на Сител
-

Претрес во дом на млад кавадарчанец, одземени предмети под сомнеж дека се од кражби
-

СВР Битола поднесе кривични пријави за лица што возеле автомобил без положен возачки испит
-

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ: Уништени фасада и автомобил
-

Иницијатива на „Лајка“: Биди Валентајн на бездомно куче за еден ден
-

Одложено рочиштето против Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-

Врнежите ги полнат хидроакумулациите во Струмичко
-

651 прекршок вчера преку „Безбеден град“, забрани за возење добија 58 возачи
-

Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје
