Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025. Општиот претрес за ребалансот почна на 2 јули, а заедно со амандманската расправа трае десет дена. Поднесени се над 200 амандмани.
Со ребалансот се врши реалокација на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти, а обезбедени се дополнителни средства и за исплата на зголемени пензии и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи.
Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за годинава. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти.Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, на износ од 47,5 милијарди денари.
Државниот долг на крајот на 2025 година според проекциите на Владата ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент. Стапката на невработеност се очекува да се намали на ниво до 11,1 проценти во 2025 година, а стапката на вработеност да достигне 47 проценти.
Комисијата за финансирање и буџет денеска ќе одржи седница и за Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година и за Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во 2024 година.
Ново на Сител
-
Малолетничка уценувана од нејзиното поранешно момче, му дала 800 евра за да не објави експлицитни фотографии од неа
-
Мицкоски: Државата не се гради од центарот кон периферијата, туку од темелите нагоре
-
Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина
-
Опожарени 130 хектари сува трева и ниска вегетација во Руѓинце
-
Базените на Црвениот крст ставени на располагање за хеликоптерска интервенција
-
Арсовска: Инспектор од МВР фатен како прави див приклучок за вода, во бес физички напаѓа советничка | ВИДЕО
-
Целосно нормализиран сообраќајот на ГП Блаце
-
Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување