Македонија
21. February 2022 - 16:36

Продолжува скринингот во училиштата

Со согласност од родителите, 110 ученици од основното училиште Живко Брајковски во Бутел беа тестирани за Ковид-19.

Со маски и растојание и првачиња и деветоодделенци чекаа ред за земање на брис од нос. Брзите тестови што ги правеше екипа од скопскиот центар за јавно здравје ќе покажат колку од учениците имаат Ковид-19, односно дали има асимптоматски случаи во образовните установи.

- Ти само симни ја маската и наочарите и седи...знаеш што ќе правиме...

- Им кажувам што е, исплашени се, не дека боли ама незгодно е, меѓутоа нема проблеми, имаме соработка, вели Денис Јанкуловски од Центар за јавно здравје Скопје.

Иако чекаа и по половина час во училишниот двор, родителите се задоволни што има скрининиг бидејќи така ќе ја знаат и состојбата на детето но и на соучениците.

- Јас ја донесов има согласност од родителите. Добро е меѓутоа одат сами горе без родител

- Добро е ова е во интерес за здравјето на децата, велат родители.

Иако скринигот е во тек и наверојатно утре здравствените власти ќе кажат како поминал денешниот ден, сепак, неофицијално, од она што го забележавме на терен е дека меѓу големиот број трстирани има и позитивни ученици. Вработените во училиштата го знаат протоколот при вакви случаи, велат надлежните.

- Станува збор за утврдена процедура и протокол, при што надлежните лица од училиштата веднаш контактираат епидемиолог и во зависност од епидемиолошката проценка, во изолација одат учениците кои биле во негова непосредна близина, но не и целиот клас, ни одгвоорија од Министерството за здравство.

Инаку во петокот кога беше првиот ден од скринигот, од 200 тестирани основци имало само еден со позитивен резултат на Ковид-19.