Продолжуваат перипетиите околу откажувањето на прославите за Нова година на плоштадите
Исто како и во Македонија и неколку градовите во соседна Србија ги откажуваат новогодишната прослава на плоштадите. Засега забава на отворено дефинитивно нема да има во Врање, а во Белград, Ниш, Нови Сад, Чачак, Суботица и други општини се собираат петиции, локалните власти парите да ги пренаменат за лекување на болни деца. Организаторите ваквите иницијативи велат дека детскиот живот е повреден од лажниот сјај на една новогодишна ноќ. Но властите во поголемите српски градови за десетици илјади евра веќе ангажирале познати пејачи. Планирано е жителите на Нови Сад за 60.000, евра да ги забавува Здравко Чочиќ, а Лепа Брена се договорила да пее за 15.000 евра во Чачак. Дали ќе ги земат хонорарите или организаторите ќе попуштат под притисокот на јавноста средствата да се пренаменат во хуманитарни цели ќе видиме за една недела.
Вчера гррадот и градот Скопје ја откажа прославата за вечерта на 31 декември и најави дека парите ќе бидат дадени во социјални цели.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
