Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека на територијата на град Скопје започна широка и координирана пролетна акција за генерално чистење, со цел унапредување на јавната хигиена и заштита на животната средина.
-Акцијата започна во општината Кисела Вода, а во неа се вклучени екипи од повеќе јавни претпријатија. Од Комунална хигиена интензивно ги чистат улиците и го отстрануваат отпадот, вклучително и неправилно одложениот смет. Водовод и канализација спроведува перење на улиците и јавните површини, додека Паркови и зеленило работи на уредување и одржување на зелените површини. Воедно, Улици и патишта поставува метални столпчиња со цел спречување на узурпацијата на тротоарите и јавниот простор, информираат од Град Скопје.
Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека оваа акција претставува почеток на нов пристап кон одржувањето на градот, каде редот, чистотата и одговорноста ќе станат секојдневие. Тој нагласи дека институциите ќе продолжат со систематски активности во сите општини, со цел создавање на почиста и поуредена урбана средина.
-Чистата животна средина не е луксуз, туку основно право на секој граѓанин. Градот може да чисти, но вистинската промена доаѓа кога сите заедно ќе ја преземеме одговорноста, порача градоначалникот.
Од Градот потенцираат дека акцијата ќе продолжи со засилено темпо и во наредниот период, а за непочитување на правилата ќе следуваат соодветни санкции. Воедно, упатуваат апел до граѓаните да придонесат со одговорно однесување, да го чуваат јавниот простор и да не фрлаат отпад на несоодветни места.
Грижата за животната средина и подобрување на квалитетот на живеење, како што велат од Град Скопје, се за нив врвен приоритет.
МИА
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
