Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден

Промената во сметањето на времето од летно во зимско и обратно, не прави некоја посебна разлика за бизнисот, многу побитно е тоа што се уште не сме усогласени во однос на божиќните празници кои различно се одбележуваат согласно јулијанскиот и греогоријанскиот календар, оценуваат стопанствениците.
Дел од нив, пак, повторно укажуваат на потребата да се работи и во недела.
- Реално, промената од еден час порано или подоцна не е некоја голема разлика што суштински би се одразила врз бизнисот. Всушност, усогласеноста околу јулијанскиот и греогоријанскиот календар е сериозно прашање. Тоа е голем проблем, а не гледам на повидок некое решение. Божиќ кај нас се слави на 7 јануари, додека секаде низ западниот свет и останатите земји освен Србија и Русија, се слави на 24 декември. Сите западни земји од 24 декември до Нова година не работат, а ние работиме и потоа обратно, тие работат на 7 јануари, а ние не. Практично, се губи цел месец. Се губат околу 30 дена во однос на деловните активности и тука имаме сериозни штети. Се работи за сложена црквено-политичка одлука која не знам како би се изменаџирала, а апсолутно не зависи од бизнисот, вели за МИА претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) Горан Ѓорѓиевски.
Со одлука на Собранието на Сојузот на стопански комори на Македонија, за нов претседател е избран Горан Ѓорѓиевски. Со оваа одлука, Сојузот ја потврдува својата определба за континуиран разво
Ставот на ССК, нагласува Ѓорѓиевски, е дека треба да се усогласиме со правилата на ЕУ и во однос на временските зони, но и за се останато.
-Ние се стрениме кон ЕУ, значи треба се да усогласиме со Унијата за се, дециден е претседателот на ССК.
И според в.д. претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), Нухи Алиу, еден час разлика во сметањето на времето речиси воопшто не влијае врз бизнисот. Многу поголеми проблеми, па и загуби, укажува Алиу, предизвикува одлуката - недела да биде неработен ден.
- Нема посебно влијание промената во сметањето на времето. Ние имаме поголеми проблеми во економијата за да се „фатиме“ за тоа дали еден час порано или подоцна почнува работното време. Јас би го акцентирал прашањето за недела - неработен ден. Тоа е и нашата конкретна примедба зошто ваквата одлука не е добра. Во недела доаѓат многу гости од Албанија, Косово, Србија,... и тука, всушност, многу губиме. Тие луѓе кои редовно доаѓаат, кои ни се редовни гости и ни носат пари, затоа што ја прогласивме недела за неработен ден, не доаѓаат веќе. Можеби некои доаѓаат заради моловите, инаку ништо. Затоа имаме забелешка и сакаме повторно да се врати неделата - да биде работен ден. Ние тоа го побаравме од Владата и институциите, имаме и иницијатива, но засега се уште немаме дефинитивен одговор. Неделата е работен ден кој во однос на другите работни денови носи највеќе за државата и Буџетот, објаснува Алиу.
Во недела, на 26 октомври, почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот во 03:00 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад, па наместо три, ќе биде два часот.
Во Северна Македонија важи средноевропското зонско време.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.
Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.
МИА
Ново на Сител
-

Ученик во основно училиште во Арачиново прободен со нож од соученик
-

Полицајци апселе криминалец па биле опколени од десетмина кои пробале да ги спречат, морале да пукаат во воздух
-

Две лица незаконски превезувале туристи во НП Шар Планина, кога имало обид да се спречат, пробале да ги прегазат вработените во паркот
-

Четворица тетовци дале капар од 45.900 денари за стан под кирија во Скопје, па биле измамени од газдарица
-

Пазарниот инспекторат најави засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива
-

Одложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката Пулс
-

Обвинителство: Извршен увид на градилиштето во Кисела Вода, ќе се врши обдукција на починатиот работник
-

Растат цените на нафтата на светските берзи
