Променливо облачно, наутро студено, од среда пообилни дождови

Времето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и ниски утрински температури. Во западните делови ќе има повремен локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно време со сончеви периоди и повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 2 степна, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на циклонска активност, до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува чудната комуникација меѓу власта и опозицијата
-

Мицкоски - за 8 години има 6000 помалку новороденчиња или 6 км празни училници
-

Ѕид на срамот
-

Куче починало по престој во пансион – сомнежи за зараза со парвовироза, АХВ на терен
-

Преглед на вестите од светот
-

Родители на жртвите сведочат на судењето за Кочани
-

Новиот Закон за Судски совет денеска пред пратениците
-

Левица со предлог Закон - Да нема отказ при бременост
