Променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, наместа над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе се движи од 0 до 5 степени, а максималната ќе достигне меѓу 13 и 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 19 степени.
Според УХМР, во понеделник наутро времето ќе биде ведро и постудено, со утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула. Во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од вторник ќе преовладува променливо облачно и топло време со сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на седмицата повторно се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Остануваме посветени на спроведување на реформите
-

Поранешен директор на американска банка осуден на 30 години затвор за дрогирање и силување жени
-

Мисајловски: Армијата останува да помогне во Гостивар додека има потреба за тоа
-

Девет грчки плажи останаа без наградата „Сино знаме“
-

Следната недела пеколни горештини во Македонија: Тропски ноќи и температури над 40 степени
-

Уапсени две лица од гостиварско поради организирање борби со кучиња
-

100.000 евра најдени кај професор и потпретседател на Стоматолошката комора откако студентка платила мито за лиценца
-

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи
