Променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, наместа над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе се движи од 0 до 5 степени, а максималната ќе достигне меѓу 13 и 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 19 степени.
Според УХМР, во понеделник наутро времето ќе биде ведро и постудено, со утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула. Во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од вторник ќе преовладува променливо облачно и топло време со сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на седмицата повторно се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.
МИА
Ново на Сител
-

Вториот пензиски столб исплаќа пензија за 147 лица, најголем дел со минимален пензиски износ
-

Андоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри
-

Прегледани 73 пациенти во јавните здравствени установи во Гостивар
-

Зоран Герасимовски избран за в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје, Ндерим Полиси на Основниот суд Струга
-

Вознемирувачки случај во Пробиштип: 74-годишник се самозадоволувал пред малолетно девојче
-

Топол бран до крајот на следната седмица, од среда температури над 40 степени
-

На Македонци додека ручале во Грција им провалиле во автомобилот – останале без пасоши, пари и документи
-

Меси се врати во Интер Мајами по Светското првенство 2026
