Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец со брзина над 80 километир на час, информираат од Управата за хидрометеооролошки работи Скопје.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.
Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд.
Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.
Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).
Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.
МИА
Ново на Сител
-

Во Сенџен почна историската средба Шји – Трамп – Путин
-

Италија подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 13 години – до 16 години само со родителска контрола
-

ДЗР: Потребни се дополнителни мерки за зајакнување на ИТ безбедноста во ФЗОРСМ
-

Исламот би можел да стане најголема светска религија до 2035 година
-

Заврши билатералната средба Трамп – Путин во Шенџен
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Запален автомобил во подземниот паркинг на К-мол во Ѓорче Петров
-

Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици
