Македонија
29. April 2026 - 12:32

Променливо време со дожд и пад на температурите до викендот

Од петок до крајот на неделата ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.

Од почетокот на наредната недела, односно од понеделник, се очекува постепено стабилизирање на временските услови, со повеќе сончеви периоди и пораст на дневната температура. 

МИА