Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против А.М., полициски службеник во ПСОН Охрид при СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори “ по член 215 став 1 од КЗ. Во временскиот период кога полицискиот службеник А.М. бил предвиден за работа и извршувал работни задачи на обезбедување на вила Бела (поранешна вила Македонија), сопственост на Министерството за внатрешни работи, од страна на вработени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди бил извршен преглед врз А.М. и работната просторија- стражарската куќарка, при што од прегледот во работната просторија, на работната маса била затекната метална лажица во која имало бела прашкаста материја, хартиена салфетка во која имало бела прашкаста материја и мало пластично шише со нн течност, со импровизирана цевка од банкнота од 10 денари, затворено со алуминиумска фолија на отворот на шишето, на која имало остатоци од нн материја.
Од страна на вработени од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди А.М. бил известен за потребата од испитување за присуство на матаболити од наркотични средства во урината во Институтот за судска медицина во Скопје. Од страна на доктор на Итна медицинска помош Охрид било утврдено дека А.М. е во добра општа состојба и може да патува во Скопје, но истиот одбил да соработува со вработените на Одделот и да се подложи на испитување.
Против А.М. од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веќе е покрената дисциплинска постапка и задолжителна мерка за отстранување од работното место- суспензија од работното место.
Ново на Сител
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
-

Почна изградбата на нов мост во Штип, вреден 70 милиони денари
