Пронајдена и казнета жената што со Порше фрлаше ѓубре во Лепенец – казнета и за непрописно паркирање
СВР Скопје ја откри и санкционираше 38-годишната скопјанка која беше снимена како фрла отпад во реката Лепенец од автомобил „порше“.
Од МВР информираат дека денеска, 17 септември, во 11:45 часот, М.И.Б.(38) од Скопје била повикана во Полициската станица Карпош, откако претходно на социјалните мрежи беа објавени видеоснимки на кои се гледа жена како на улицата „Скупи“, кај мостот на Лепенец, фрла отпадоци во реката.
По преземените мерки, полицијата го утврдила идентитетот на жената и со неа бил извршен службен разговор.
По документирање на случајот, изготвен ѝ е платен налог согласно Законот за јавна чистота поради фрлање амбалажа надвор од места определени за таа намена.
Дополнително, санкционирана е и по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради непрописно паркирање на возилото на коловозна лента.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Решение може да се најде за рационални прашања
-

Германски „Гересхајмер“ со нови дополнителни инвестиции во Македонија
-

Самит за проширување во Брисел: Сиљановска бара потег од ЕУ и рамноправен дијалог
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска: Дијалогот подразбира рамноправност
-

Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците
-

Примателите на социјална помош ќе можат наеднаш да ги подигнат парите преку Алта банка
-

Алта банка ги скара партиите: Обвинувања за пари, политички врски и бизнис-интереси
