Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека попладнево е пронајдена 37-годишната бугарска државјанка која синоќа била пријавена за исчезната на Шар Планина и оти е во добра здравствена состојба.
Таа била дел од група од четири странски државјани упатени кон Титов Врв. Трите лица од групата се вратиле во вечерните часови, при што констатирале дека жената не се вратила со нив и дека немаат информации за нејзината локација. По пријавувањето, веднаш била започната потрага.
-Во потрагата беа ангажирани припадници на специјалните единици од Скопје, ПС Попова Шапка, ЈУНП „Шар Планина“ и ДЗС – ПО Тетово. Беа употребени и два дрона со термални камери, а во потрагата се вклучија и полициски хеликоптер „Бел 212“ и спасувачки тим од САЕ „Тигар“. Денеска во 14:50 часот, исчезнатата жена е пронајдена во село Горна Лешница, во добра здравствена состојба - соопшти ЦУК.
Ново на Сител
-

20 милиони денари инвестиции за подобри услови во прилепските училишта, годинава 30 првачиња помалку од лани
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонските транспортери на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња
-

Сточарите со ултиматум: Итно решение за овчата сипаница
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
