Македонија
22. April 2026 - 14:01

Пронајдена неексплодирана топовска граната од Првата светска војна со калибар од 75 мм

На 21.04.2026 во 10:50 часот од страна на патролен тим од полициски службеници од ПС ГПГН Меџитлија, во близина на граничен камен ГК-135, е пронајдена неексплодирана топовска граната од Првата светска војна со калибар од 75 мм.

Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата е безбедно подигната.