Македонија
13. February 2026 - 13:29

Пронајдени коски слични на човечки и облека во скопското место наречено Сулејманови Ливади

Пронајдени биле коски слични на човечки и облека во скопското место наречено Сулејманови Ливади, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Вчера, во 16.49 часот, во Секторот за внатрешни работи - Скопје е пријавено дека на местото наречено Сулејманови Ливади во село Горно Количани, Скопско, пронајдени се коски слични на човечки, а во близина е пронајдена и облека. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот - информираа од МВР.

 

МИА